Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата седница, на која го осуди политичкиот прогон од страна на власта кој преку правосудните органи се врши врз пратеници, уметници, полициски службеници и останати лица чиј единствен грев е тоа што имале храброст гласно да се спротивстават на антидржавните политики на актуелната власт.
Целта на политичкиот прогон, според Извршниот комитет е замолкнување на секаква критика и ширење на страв меѓу народот и сите кои мислат поинаку. Извршниот комитет заклучи дека ваквото однесување на актуелната власт е недемократски чин и не придонесува за нормализирање на политичката состојба во Република Македонија.
„Носењето на неуставниот закон за двојазичност и ратификувањето на асиметричниот договор со Бугарија со кој што ќе се брише македонската историја, се доказ дека штетните антидржавни политики на СДСМ, на кои што пред изборите предупредуваше ВМРО ДПМНЕ, стануваат реалност. Ваквите политики ја редефинираат Република Македонија и нанесуваат штети на долг рок, кои нема да може да се надоместат.“, стои во заклучокот од седницата испратен до медиумите.
Извршниот комитет на вчерашната седница ја анализираше и катастрофалната економска политика што ја води црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски, која земјава ја турка во банкрот. Нивната неспособност ја плаќаат граѓаните кои за само петнаесетина денови, актуелната влада ги задолжи со над 570 милиони евра.
„Заради расипничката политика на новата власт секој жител на Македонија поединечно е задолжен со преку 250 евра, односно едно четиричлено семејство, благодарение на Заев, Тевдовски и Анѓушев ќе треба да враќа преку 1.000 евра.“
Работата на локалната самоуправа предводена од СДСМ, според ИК е уште една потврда на нивната неспособност и безидејност.
„Лагите се единствениот принцип во работењето, а еден од показателите за тоа е не преземањето на никакви мерки во врска со загадувањето, иако пред изборите ветуваа дека овој проблем ќе бил решен. Додека Заев е на луксузно зимување во италијанските монденски ски-центри, а Шилегов во Загреб, скопјани ги полнат клиниките како резултат на загадениот воздух со кој што главниот град се искачи на листата на три најзагадени градови во светот.“
ИК на ВМРО-ДПМНЕ го осуди политичкото насилство на СДСМ манифестирано преку стотици отпуштања од работа, деградирања и раскинувања на договори.
„Со ваквиот начин на работа, актуелната власт ја враќа Македонија назад во времето на мрачната транзиција кога не постоеја никакви норми, а единствен критериум некој да добие работа или да го задржи своето работно место не беа професионалноста или квалификациите, туку слепата послушност кон политичкото водство.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст