| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачот на Шекеринска ќе бара намалување на казната

Панче Ангелов, напаѓачот на актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска за време на немилите настани во Собранието на 27-ми април минатата година, денеска на јавна седница во Апелација преку неговиот адвокат ќе бара намалување на казната. Во жалбата на адвокатот, обвинетиот се жали и на квалификацијата на обвинението по признаената вина.

Ангелов беше обвинет за кривично дело насилство и беше осуден на казна затвор од 4 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top