| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Ова е само почеток од Македонија!

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во „Арена“ во Загреб ја забележа втората победа на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Хрватска, триумфирајќи над Црна Гора со 29-28.

Видлив беше притисокот кај македонските ракометари пред се поради важноста на натпреварот во кој по евентуалната победа го визиравме билетот за пласман во Вараждин.

Борко Ристовски во последните моменти од натпреварот ги спречи и последните обиди на Црногорците за позитивен резултат на овој натпревар.

– Знаевме дека не очекува потежок натпревар од натпреварот против Словенија. Чувстувавме дополнителен притисок бидејќи победата во овој натпревар овозможуваше да пренесеме два бода во втората фаза што би било прв пат за Македонија – изјави по мечот Ристовски.

За него воопшто не е важно кој ќе има одбраната или голот на натпреварот, важно е да се игра како тим и да се стигне до победата.

– Не е важно кој ја има најважната одбрана, важно е да се победи во секоја прилика. Мило ми е што навивачите ни ја даваат оваа поддршка и заедно со нив се изборвме за оваа многу важна победа. Полека со Раул на чело стануваме доста интересна репрезентација која која игра како тим, и верувајте ова е само почеток од Македонија – рече Ристовски.

.
Следниот натпревар Македонија го игра на 17 јануари од 18 часот и 15 минути против Германија, каде ќе се обиде да стигне до третата победа во групата Ц.

Споделете на:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top