| четврток, 6 декември 2018 |

Со 1.280 евра месечна плата Шеќеринска e најплатена во Министерството за одбрана

Со 1.280 евра месечна плата Радмила Шеќеринска е најплатениот кадар на Министерството за одбрана, објавува телевизијата „Телма“.

Според информациите кои ги објави телевизијата, месечната плата на Шеќеринска е 78.791 денар и е највисока во МО. По неа, најплатен началникот на Генералштабот на АРМ кој прима 76.732 денари месечна плата.

Останатите раководители на одбраната, меѓу кои и Заменик министерот, државниот секретар и останатите пониско рангирани началници примаат плата меѓу 60 и 66 илјади денари месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top