| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Загреб, поништена победата на Словенија над Германија, на крај нерешено

Новата технологија го реши натпреварот и на крај мечот заврши нерешно меѓу Германија и Словенија, на мечот од 2. коло во групата Ц на Европското првенство во ракомет кое е во тек во Хрватска.

Драматичен крај имаше средбата Словенија – Германија која во регуларниот дел заврши 25-24. По десетминутно прегледување на последниот напад на Словенците судиската двојка одлучи да му даде црвен картон на Словенецот Благотиншек и да досуди пенал по што мечот заврши 25-25.

Германија дојде до значајно реми, а на теренот се случи драма со селекцијата на Словенија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top