| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Тасевски со реакција: Мамо, речи му на овој Ефтов да не ме закача!

Фијаското најавено како интервју со директорот на Драмски театар Сашо Тасевски го натера Тасевски по речиси цел ден да излезе со реакција и да им објасни на пријаелите, гледачите, поддржувачите и другите зошто со наведната и без збор го нашушти жешкото столче спроти новинарот Васко Ефров.

Неговата рекација објавена на Фејсбук ја пренесуваме во целост.

„Знам, пријателите очекуваат моја реакција за интервјуто кај Ефтов. Преќутев не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот кој го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто…Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме туку да се занимава со мене со цел да меискомпромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно. Сфатив, некој смислено ме избрал за таа цел. Тоа се гледа и по омразата на оние кои сега ме плукаат и физички ми се закануваат . Очигледно сум им пречел многу. Нека е и така. Од грешките се учи многу, ако се сака. Само уште ова. Гаќите се уште на мене, ама некој пак му ги смкна гаќите на новинарството, ако пропагандата може да се нарече новинарство.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top