| четврток, 6 декември 2018 |

Груби: Албанската заедница поддржува затворање на отворените прашања со соседите

Артан Груби од ДУИ порача дека целата албанска етничка заедница дава поддршка за затворање на отворените прашања со соседите на Република Македонија и побара поголема посветеност за решавање на спорот за името со Грција.

– Сите ние од ДУИ, од албанската етничка заедница, а несомнено и другите етнички заедници, даваме поддршка за затворање на отворените прашања со нашите соседи, особено со соседите бидејќи преку храбри чекори ги остваруваме очекувањата на граѓаните. Ги охрабруваме министерот за надворешни работи, реформската Влада и парламентарното мнозинство, истовремено со затворање на ова прашање, исто со толкава посветеност, да го затвориме прашањето со нашиот јужен сосед бидејќи 2018 година треба да биде посветена на аспирациите на Македонија за рамноправно членство во ЕУ – изјави Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top