Од Министерството за труд и социјална политика реагираат на прес конференцијата на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, и родители на деца од градинката ,,Кочо Рацин” и велат дека надлежноста на Министерството за труд и социјална политика е во делот на давање согласност за вработување, додека самото вработување и распределување на кадарот е во надлежност на општините, односно на директорите на установите за детска заштита.
Министерството може да реагира само во случај кога се прекршени одредбите од Законот за заштита на децата, каде што децидно се наведени случаите кога е сторена повреда во делот на заштита на децата згрижени во установи за деца.
„Во ова прилика ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика е целосно посветено на надминување на наследените проблеми во јавните установи за деца – детски градинки и дека се обезбедени услови за непречено функционирање и за непречена грижа за децата корисници. За таа цел, продолжени се договорите за вработување на определено време. Во меѓувреме, Министерството прави детална анализа на секоја установа поединечно, по што ќе следи трајно решавање на кадровските проблеми кои во градинките ги создаде претходната Влада, држејќи ги во постојана неизвесност воспитувачите, родителите и децата”, се вели во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика.
„Согласно член 121 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија” бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15 ,27/16 и 163/17) директорот на јавната детска градинка основана од општината и градот Скопје ја организира и раководи со работата на установата, самостојно донесува одлуки од делокругот на неговата надлежност и актите на установата, ја застапува установата пред трети лица и е одговорен за законитоста и работата во установата. Во остварувањето на обврските и раководењето директорот одлучува за засновање и престанок на работен однос на вработени за вршење на дејноста, согласно со закон, актите на установата и колективниот договор, врши распоредување на работници“, додаваат од МТСП.
Родители најавуваат бојкот во градинката „Кочо Рацин“ поради кадровски промени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст