| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивен статус на Ракчевиќ пред мечот со Македонија вечерва

Вечерва од 20:30 на Европското првенство во Хрватска ќе играат Македонија и Црна, меч кој сигурно со големо внимание ќе го следи поранешниот ракометар на Вардар и Металург, Младен Ракчевиќ.

Емоциите сигурно ќе бидат измешани, ако се знае дека Ракчевиќ токму најголем дел од својата кариера, најуспешните денови ги мина токму во двата македонски клубови.

Поради ова, тој има посебна желба за сопствената и за македонската репрезентација на континенталниот собир кој е во тек.

-Денешниот меч за мене е специфичен за гледање. Речиси со сите македонски репрезентативци со години го делевме истиот леб, живеевме заедно и во добро и во лошо. Не е тајна дека Македонија ја сакам најмногу по Црна Гора, со оглед што таму минав еден преубав дел од мојот живот и се афирмирав како играч. За вечерва би посакал мојата Црна Гора да победи, а моите Македонци да стигнат до финалето на ЕП, напиша Ракчевич на Фејсбук.

Искусниот пикер во моментов е соиграч на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски во романскиот тим Доброгеа, во Вардар настапуваше во периодот помеѓу 2005 и 2009 година, а во Металург од 2010 до 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top