Речиси 74 отсто од Русите на изборите би гласале за актуелниот руски претседател Владимир Путин, покажува истражување на јавното мислење кое е објавено денеска.
За потсетување, претседателските избори во Русија ќе се одржат за два месеци.
На испитаниците им било поставено прашањето кого би го поддржале ако претседателските избори се одржат оваа недела, пренесува агенцијата Тас.
Околу 72 отсто од Русите се изјасниле дека својот глас би го дале на кандидатот на Комунистичката партија Павел Грудинин, а 4.7 отсто би го поддржале лидерот на Либерално демократската партија, Владимир Жириновски.
За кандидатката на Партијата за граѓанска иницијатива Ксенија Собчак, би гласале еден процент од граѓаните на Русија, а останатите кандидати би имале под еден отсто од гласовите, покажува спроведената анкета.
Според истражувањето, во овој момент очекуваната излезеност е 67 отсто гласачи.
Бројката на гласачи кои би гласале за Путин е уште поголема меѓу оние кои сигурно планираат да излезат на гласање, а таа бројка изнесува 81.1 отсто, покажува анкетата.
Истражувањето го спровела водечката национална агенција за испитување на јавното мислење, од 8 до 10 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст