| четврток, 6 декември 2018 |

Се исповеда поранешната девојка на Хамилтон: Ме користеше само за секс!

Вероника Вале, поранешната девојка на Луис Хамилтон прозборе за времето кое го помина со шампионот во Формула 1.

Атрактивната манекенка од Порторико беше со Хамилтон само три месеци, но и за тој период останала разочарана од него.

-Нагло го менуваше расположението. Беше добар, а потоа ќе му дадеше отказ на пилотот на приватниот авион бидејќи го користел неговиот тоалет.

Го оставив бидејќи ме користеше само за секс. Почна да ме “брка” преку Инстаграм, а потoа испрати приватен авион за да му се придружам на Барбадос. Впловивме во романса, a еднаш присуствував и на сцена кога поранешната девојка на Крис Браун ја праша дали би се согласила на тројка со него и уште една девојка. Таа го одби, откри Вале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top