| четврток, 6 декември 2018 |

Запознајте го Итар Пејо, битолчанецот од Европското првенство (фото)

Битолскиот Итар Пејо е Дарко Јанкуловски.

– Традиционалната македонска носија од мариовскиот крај е она што го носам на мене. Инспириран сум од Шкотланѓаните кои дојдоа во Македонија во 2009 година. Тие секогаш се облечени според нивната традиција, па затоа и јас си реков зошто да не го испромовираме и ние тоа што го имаме. Прв пат вака бев облечен во 2009 година на Европското првенство во ракомет во Вараждин, потоа, бев и во Ниш, па на Европското првенство во кошарка во Загреб, потоа следеше и Франција… а за понатаму вака ќе се облекувам на трибините каде и да одиме, вели нашиот „Итар Пејо“ – Дарко Јанкуловски.

Извор гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top