| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот народ на анкети е против терминот Македонија

По кревањето на гласот на Грчката црква и најавите за масовни протести на националистичките движење се повеќе се заострува јавното мислење во Грција за можното решение на спорот за името при што би се прифатил терминот Македонија во компромисот меѓу двете земји.

Анкетата која ја пренесува Ројтерс е спроведена оваа недела на барање на весникот Прото тема. Покажува дека 68% од Грците се против сложено име во кое би се содржел и зборот Македонија, а само 23.6% би се согласиле на ова.

Грците се особено чувствителни по ова прашање, за крајот на месецот се закажани протести во Атина и Солун на кои ќе се побара бришење на терминот Македонија од името на соседната држава, анализира агенцијата Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top