Емануел Бесние, директорот на француската компанија за производство на млеко „Лактaлис“ денес изјави дека повеќе од 12 милиони кутии со млеко во прав за бебиња биле повлечени од 83 земји во светот, откако во фабриката била откриена салмонела.
Во интервју за францускиот неделник „Журнал ди Диманш“, тој рече дека компанијата ќе им плати отштета на семејствата кои купиле заразено млеко.
„Веќе се организиравме и ќе исплаќаме финансиски средства за секое семејство на кое му било нанесена штета во оваа ситуација“, рече директорот.
Млекото во прав од овој француски производител ширум светот се продава под брендовите Milumel, Picot и Celi.
„Од продажба повлековме 12 милиони кутии млеко во прав, но нема да застанеме тука. Имено, дистрибутерите веќе не треба да ги рангираат производите и на тој начин да ги бараат контроверзните кутии. Едноставно дозволивме да отстранат се од своите полици“, рече Бесние.
Тој, исто така, разговарал со министерот за финансии, Бруно Ле Мер, кој потврди дека „Лактaлис“ ќе мора да ги повлече сите млечни производи направени во фабриката во Крано во северозападна Франција.
Светските медиуми јавија дека салмонелата кај бебињата може да предизвика тешки дигестивни нарушувања, стомачни грчеви, повраќање и дехидратација. Во Франција досега се регистрирани 35 вакви случаи, а Шпанија само еден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст