| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков: Игравме под грч, предизвикот е голем

Македонија дојде до голема победа против Словенија со 25:24 и дојде до првата победа на Европското првенство во Хрватска, што е повеќе од важно за пласман во следната фаза од континенталниот шампионат.

Најдобар стрелец во нашите редови беше Дејан Манасков со осум погодоци, иако во првото полувреме имаше проблеми да го совлада словенечкиот голман Скок.

– Знаете дека секогаш е тешко на првите натпревари на големите шампионати. Играме под грч, предизвикот е голем. Знаете каква ни е традицијата против Словенија, секогаш се мачиме и тешко ни оди. Јас лично бев во грч во првото полувреме, но успеав во вториот дел да се консолидирам, да дадам се од себе и да и помогнам на екипата да дојдеме до победа – изјави Дејан Манасков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top