Вечерва во загребска „Арена“ македонската машка ракометна репрезентација во 19,30 часот против Словенија го има првиот настап на Европското првенство (ЕП) во Хрватска. Се очекува најдобрите македонски ракометари под водство на „Ел команданте“, Раул Гонзалес, да имаат голема поддршка на првиот натпревар на Европското првенство против Словенија.
Дел од навивачкиот кордон од Македонија кој патува во сопствена режија со приватни автомобили веќе пристигна во хрватската престолнина, а македонските ракометари ќе имаат поддршка и од дијаспората, поточно од „Фалангата“ од Виена која тргна на пат кон Хрватска.
Исто така, се очекуваат четири автобуси навивачи кои се тргнати од Македонија во секој момент да пристигнат во Загреб. Нивното доаѓање требаше да се случи порано, но тие биле задржани на граница каде биле претресувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.