На неколку часа пред почетокот на натпреварите од рамките на Групата Ц, каде е и Македонија, хрватската полиција ја затвори „Арена“ поради вонредни безбедносни мерки.
Загрепска „Арена“ беше затворена утринава, никој не доби дозвола да влезе внатре, бидејќи специјални единици за антитероризам го проверуваше секој дел од арената каде Македонија денеска треба да се соочи со Словенија во првиот натпревар на ЕП.
Организаторите на ЕП не оставаат ништо на случајот кога станува збор за безбедноста на навивачите и играчите. Проверката на арената не беше најавена, но може да се каже дека е очекувана бидејќи станува збор за голем спортски настан во сала која собира околу 15.000 навивачи.
Првиот меч во „Арена“ се игра од 17:15 часот и ќе се соочат Црна Гора и Германија, а до тогаш се очекува хрватската полиција целосно да ја обезбеди и да ја заврши инспекцијата во салата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст