| четврток, 6 декември 2018 |

Нарачала фармерки, ги добила со носени гаќи (ФОТО)

Една медицинска сестра по име Кристин Еванс преку страницата „Nordstrom“ нарачала фармерки од брендот „Not Your Daughters Jeans“. И се ќе било совршено ако откако ги добила фармерките не пикнела рака в џеб. Таму ја чекало изненадување. Во џебот на фармерките кои ги платила 100 евра пронашла носена танга.

Се јавила во службата за корисници, но тие никогаш не и одговориле на повикот. На крајот одлучила на „Твитер“ да објави што се случило.
– Откако многу години бев верна на вашата компанија, шокирана сум од недостатокот на корисничка поддршка откако ги добив фармерките „Not Your Daughters Jeans“ со валкана носена танга во предниот џеб. Ја повикав корисничката служба и не добив одговор адекватан на стандардите на компанијата, напишала на Твитер.

Откако приказната излегла во јавноста добила извинување и ветување дека ќе истражат за што всушност станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top