| четврток, 6 декември 2018 |

„Бракот не може да се одглуми“ – Сузана Турунџиева ја отвори душата

Македонската водителка Сузана Турунџиева не престанува да го привлекува вниманието со своите изјави на социјалните мрежи. Преку својот Фејсбук статус таа ја го искажа и своето мислење за бракот.

„Бракот не е оргазам за да го одглумиш“, напиша таа на Фејсбук, па додаде „Затоа на одредени глум(и)ци им е кратка кариерата”.

Таа изминатиов период е повторно активна во музиката, па им се врати на ноќните свирки. Настапува со безвременска музика во локалите во Скопје, постојано ги промовира своите нови книги, а летово поголемиот дел од времето го помина и во Битола, каде што читаше поезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top