| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица повредени во сообраќајката кај Отља

Две лица се повредени во директен судир на два автомобила со кумановски регистарски ознаки на регионалниот пат Куманово-Матејче во село Отља, Липковско, информираше Скторот за внатрешни работи Куманово.

 Во сообраќајната несреќа, што се случи денеска околу 16.30 часот на мост во селото, учествувале два автомобила „фолксваген венто“ управуван од 46-годишниот А.М., кој се движел кон Куманово и „форд фиеста“ управуван од 22-годишниот С.Н., кои директно се судриле. Возачот и совозачот во „форд фиестата“ се пренесени во кумановската болница каде им се констатирани телесни повреди.

СВР Куманово изврши увид во сообраќајната несреќа. Сообраќајот на овој регионален пат беше во прекин речиси два часа, по што е нормалнизиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top