| четврток, 6 декември 2018 |

Митко Јанчев: ВМРО со нови сили и свежи идеи ќе ги враќа демократијата и просперитетот

ВМРО -ДПМНЕ влегува со нови сили и свежи идеи во дејствувањето и напорите за враќање на демократијата и просперитетот на Македонија, изјави за Фокус градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев откако вечерва беше изгаласан за нов потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред само неколку месеци влегов со големи амбиции во предизвикот за градоначалничката функција. За таа одлука долго време размислував се додека не ја добив целата поддршка од луѓето кои ми значат. Денес со задоволство ја извршувам оваа функција која за мене претставува огромна чест и задоволство. Ова е нов предизвик. Во ова време во кое секој ден се соочуваме со нови незгодни ситуации, во време кога незадоволството на народот продолжува, овој предизвик со задоволство го прифатив. Во овие месеци додека ја извршувам градоначалничката функција покажав дека граѓаните се на прво место и со сите сили се обидувам да ги решам нивните проблеми. Сакам да видам задоволни граѓани, насмеани лица и поглед кон иднината кој ќе покажува просперитет и успех. Со голема љубов и позитивни мисли влегувам во уште еден нов предизвик за кој се надевам дека е добра одлука како за мене така и за граѓаните на кои им е потребна нова надеж – вели Јанчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top