| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца мртви и 48 повредени во сообраќајна незгода на автомобил и автобус во Прага

Во тешка сообраќајна несреќа кај Прага меѓуградски автобус, по судир со автомобил, се излизга на коловозот и удри во дрво, при што загинаа тројца луѓе, а повредени се 48 лица, меѓу кои и деца.

„Се судрија „шкода“ и автобус. Загина една жена од автомобилот и две лица од автобусот, меѓу кои и возачот. Причините за несреќата засега се непознати“, соопшти портпаролот на полицијата, Моника Шиндлова.

Итната помош веднаш пристигна на местото на несреќата со 11 екипи и специјално возило, кое може да собере повеќе повредени, по што во медицинската установа беа задржани 19 лица.

Директорот на компанијата на автобусот изјави дека 40-годишниот возач, кој загина во несреќата, бил еден од најискусните и најисполнителни во претпријатието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top