Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, на Европското првенство во Хрватска ќе брани во патики изработени од злато. На патиките е запишано името на синот на Борко што наскоро треба да се роди, а исцртани се и линии од работата на срцето на бебето, направени на ултразвук. Покрај тоа, на патиките е исцртан и потписот на Ристовски и неговиот број 16, како и два лава, црвен и син.
Уникатните патики на Борко ги исцрта Сатја Грабулоски со својот тим.
„Златната боја не е боја за цртање, туку стопени ливчиња злато со кои цртавме по патиките на Борко“, откри Сатја за „Репортер“.
Извор: Репортер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст