Високите температури уште повеќе ја отежнуваат физичката работа. Оние кои ја немаат среќата да работат во климатизирани простории, мораат повеќе да внимаваат на своето здравје и тивкиот убиец -жештината.
Кинеските работници, кои мораат да работат во текот на летото, користат освежувачки напиток кој им помага да останат присебни.
Покрај честите паузи и пунктовите со вода, Кинезите не почнуваат да работат без нивниот традиционален напиток против сончаници, базинран, верувале или не, на грашок.
Рецептот е едноставен, исчистениот грашок се остава да кисне во вода околу 2 часа, а потоа и да се вари додека додека не распука. Во водата во која се готвеше се додава шекер по вкус и се конзумира ладно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


