Форумот на слободоумни патриоти најостро реагира на грубото кршење на Уставот на Република Македонија при донесувањето на т.н. Закон за употреба на јазиците.
Сокривајќи ваков клучен закон под Европското знаменце е класична злоупотребата на позитивните законски прописи и манипулација со волјата на мнозинството на граѓани на Република Македонија.
Ова е посебно важно бидејќи Еврокомесарот Хан нагласи дека нема потреба од донесување на ваков закон, што укажува на фактот дека истиот не е на агендата на Евро-атланската интеграција на Република Македонија.
Сакаме да му укажеме на Заев, неговите министри и пратеници кои го гласаа овој штетен Закон дека граѓаните на Република Македонија не се должни да го финансираат нивното опстојување на власт по секоја цена и ги повикуваат трошоците за имплементација на овој штетен Закон да ги платат од сопствен џеб, а не од Буџетот на РМ.
За крај го повикуваме Иванов да не го потпишува овој штетен закон и јавно да ги објави гаранциите на Заев од кои ќе се види дека Заев лажеше само со цел да дојде на власт, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст