Во јужниот дел од земјава утре ќе има „полошо“ време отколку северниот дел. Само во раните утрински часови се можни слаби врнежи во северната половина од земјата, додека повремени врнежи во јужниот крај ќе има претпладне и повторно во текот на вечерните часови.
Повремени сончеви периоди ќе има во североисточниот и централно источниот крај.
Ветерот повторно ќе биде сосема слаб.
Наутро минималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу 2°С и 5°С.Температурата ќе биде слична на изминативе два дена, односно максималната ќе биде помеѓу 5°С и 7°С во котлините од северниот регион, а долж југот на повардарето, југозападниот крај, како и повисоките населени места во осоговскиот и малешевскиот крај се очекува температура со максимална вредност помеѓу 8°С и 10°С.
Скопската котлина очекува претежно облачно време. Само рано наутро ќе има услови за слабо проврнување. Температурата ќе има минимална вредност околу 2°С, а максимална вредност околу 7°С.
Извор: Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст