Деновиве во центарот на вниманието се ракометарите од македонската репрезентација кои во моментов се подготвуваат за Европското првенство во Загреб кое почнува во петок, а нивниот прв натпревар е закажан за во сабота каде ќе ги одмерат силите со Словенија.
Заслужни за успехот кој го постигнуваат на терен, делумно се и нивните понежни половини кои постојано ги бодрат и ги следат во чекор. Па така, во редовите на нашиот состав има голем број на среќно вљубени – дел од нив оженети, а дел во врска.
Кире Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Гоце Георгиевски… се момците кои веќе се имаат заколнато на вечна љубов, како и предводникот на црвено – жолата “фурија” – Раул Гонзалес. Сериозни врски, пак, имаат Стојанче Стоилов ,Филип Талески…
На листата слободни стрелци се вбројуваат Гоце Ојлески, Дејан Манасков, Мартин Велковски, Жарко Пешески… па девојки доколку имате фрлено пик на некој од нив, слободно тргнете во акција!
Раул Гонзалес
Спортската икона и селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, веќе долги години е во брак со русокосата Ана со која има две ќерки, Ана и Сузана. Постарата ќерка името го добила по својата мајка затоа што традицијата во Шпанија налага децата да се крстат по имињата на своите родители, односно ако е машко по таткото, а ако е девојче по мајката.
Кире Лазаров
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров од 17 години е во врска со Љубица, која е две години постара од него. Неговата избраничка по професија е докторка, но иако никогаш не работела според струката, Лазаров во едно интервју откри дека откако ќе заврши со ракометот и ќе се пензионира, Љубица е таа која ќе биде следна на потег и кога ќе ги изигра своите пет минути во кариерата.
“Кон своето семејство сум мек, попустлив, толерантен и емотивен. Мојата сопруга е со мене уште од самиот почеток на мојата кариера е многу сум и благодарен за тоа”, рече Лазаров.
Плод на нивната љубов се синот Благојче и ќерката Лана.
Филип Лазаров
Помалиот брат Лазаров веќе неколку години е во брак со светиниколчанката Билјана која по професија е дипломиран архитект, а со која претходно беа долги години во врска. Го имаат и синот Милан кој заедно со мама се негова најголема поддршка на трибини и задолжително го следат на сите важни натпревари.
Филип Миркуловски
Миркуловски е уште еден спортист кој со својата сопруга Благица е во љубов од тинејџерските години. По десет години врска ја крунисаа врската со брак,а имаат и две ќерки. Најборбениот ракометар во македонската репрезентација и неговата Благица освен креветот ја делат и професијата – двајцата се дипломирани правници.
“Со Благица бевме во врска десет години. Ме освои со смислата за хумор и убавината
која ја поседува. Како што минуваа годините така полека сфаќав дека таа е жената
со која сакам да го поминам остатокот од мојот живот. Запросувањето беше романтично и во интимна атмосфера. Ништо спектакуларно. Веднаш прифати, а по
неколку месеци направивме и свадба”, откри ракометарот.
Повеќе на СпортМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст