| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Луѓето кои се неправедно притворени кога ќе ја докажат својата невиност ќе бидат прогласени за херои

Гостин во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа телевизија беше Крсто Јовановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Јовановски истакна дека Владата на СДСМ врши хајка врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се со цел задушување и плашење на народот за она што му следи во понатамошниот период а тоа е менувањето на името и идентитетот на државата.

Се погрижија да направат политички притисок или политички прогон на партијата која најмногу се спротиставува и која во основа има Демократска Партија на Македонско Национално Единство нели ВМРО-ДПМНЕ. Сега они на тој начин со страв и со притисоци сакаат да влејат страв кај народот генерално да нема простор да реагира за ова што се му се случува. Притворањето на 6те пратеници заради тероризам, пазите квалификација тероризам. Седум месеци живееја луѓето, доаѓаа во Парламентот, за пратениците зборувам, функциониравме, работевме, гласаа, се обраќаа на говорниците и тн. Ништо не направија во однос на тоа што се вика тероиразам а тие се обвинети и се држат во притвор. Сите тие судии и целата правна фела знаат дека ова е измислена форма за дејствување. Дека покрај тоа што меѓународниот правобранител јасно ги опомена. Колку пак членови од законот се прекршени при нивното апсење. Тоа е уште една политичка хајка во однос на задушување и плашење на народот за она што му следи во понатамошниот период а тоа е како што гледаме во последно време е менувањето на името и идентитетот на државата, истакна Јовановски.

Јовановски потенцираше дека кога луѓето кои се неправедно притворени кога ќе излезат и ќе ја докажат својата невиност ќе бидат прогласени за херои на Република Македонија.

Ние излегуваме како држава со најголем број на терористи од 2 милиони жители. Преку 30- 40 терористи се во затвор. Седум месеци после некаков настан. Глупост, Парадокс невиден. Тоа го нема никаде во светот а од друга страна премиерот кој ни е нели на чело на државата оди на суд да го судат заради поткуп. Во која држава го има ова, запраша Јовановски.

На ова тој се надоврза дека премиерот Заев како аболициран и осомничен, сега стана и предводник на судските реформи.

Луѓето почнуваат да сфаќаат дека сето ова било само фарса. Дека главно во принцип за доаѓање на власт на овие луѓе е распад и тотална дезинтеграција на држава Македонија, истакна Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top