| четврток, 6 декември 2018 |

Коцкар во Струга заспал на масата за рулет

Дека работното време на патролите за обезбедување може да биде интересно, укажува вчерашниот настан кој е евидентиран во билтенот на една агенција. Коцкар заспал во казино во Струга за што интервенирало обезбедувањето.

Од казиното во Струга, вчера во 16,33 часот, во Дежурниот оперативен центар на агенцијата стасала дојава за паника. Патролата веднаш се упатила да интеревнира но во објектот се соочиле со комична ситуација. Вработените од казиното всушност повикале патрола бидејќи не успеале да се ја решат ситуацијата на играч кој претходно додека играл во казиното се опил. Непознатиот најверојатно поради големата количина на алкохол, заспал и тоа на рулетот каде претходно си ја пробал среќата. Лицето на барање на вработените било отстрането од објектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top