Законот за двојазичност кој денес го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен – смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на својот фејсбук профил го коментира законот кој денеска беше изгласен во собранието, при што го пренесува и официјалн иот став на партијата:
Законот за двојазичност кој денес го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен. Со овој чин власта покажа дека највисокиот правен акт, Уставот на државата за неа е само мртво слово на хартија.
Овој закон беше донесен со измама, односно лажно исцртување на европско знаменце, со што беа злоупотребени процедурите за донесување на закони од важност за интеграција на земјата во ЕУ. Власта треба да сноси одговорност за оваа манипулација со граѓаните.
Законот за двојазичност не придонесува за реално унапредување на правата на албанската заедница во Македонија, напротив ги продлабочува разликите и оди на штета на хомогеноста на македонското општество.
Двојазичноста ќе креира хаос во правниот промет. Истата ќе создаде неефикасни институции кои ќе потонат во преводот помеѓу јазиците, наместо да бидат од реална полза за граѓаните и да работат во извршување на работата за која постојат.
Законот ќе создаде паралелизам во сите институции како на централно ниво, така и на локално ниво. Два јазика – две архиви. Ова ќе предизвика дополнителни финансиски импликации за опрема, нови вработувања и нови простории, трошок кој ќе треба да се покрие од парите на македонските даночни обврзници.
Македонските државјани со албанско етничко потекло немаат потреба од закони кои не носат реален бенефит и подобрување на нивниот стандард. Граѓаните имаат потреба од реални мерки и проекти кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст