| четврток, 6 декември 2018 |

Николов и Начевски ќе судат на отварањето на ЕП во Хрватска, романски судии за првата битка на Македонија

Најдобриот македонски судиски пар, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на отворањето на европскиот шампионат во Хрватска.

Тие ќе го судат мечот во Сплит од групата А меѓу Шведска и Исланд кој утре се игра од 18:15 часот, термин во кој силите ќе ги одмерат Белорусија и Австрија ама во Пореч.

Првиот испит за Македонија на првенството како што е познато е Словенија (13 јануари од 19 часот), битка која ќе ја води романската комбинација Сорин-Лаурентиу Дину и Константин Дин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top