Грчкиот највлијателен весник Катимерини објавува карикатура во која со потсмев се објаснува кои варијанти од нашето име ќе се добијат со инверзија на букви од кои е содржано името Македонија, пишува порталот Expres.mk.
На крајот на процесот на менување на буквите конечното решение е комичар но не е јасно дали авторот за комични ликови ги смета грчките “кумови” или така ги доживува македонските политичари.
Ликот во карикатурата е облечен во традиционална грчка носија што најверојатно симболизира дека Грција е таа што ќе одлучи кое име ќе користиме во иднина.
Весникот Катимерини важи за релативно либерален и умерен медиум кога се во прашање односите на Грција со Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст