Полицискиот службеник Мунир Пепиќ денеска во судот изјави дека за време на настаните во Собранието на 27 април и облекол докторски мантил на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска за да ја евакуираат.
Тој вели дека дента бил службено во Собранието на Република Македонија, следел „икс“ личност и се борел за безбедноста на земјата.
–Девет години ја пеев химната на Македонија. Не може да ме наречат терорист, рече Пепиќ.
Неговиот адвокат Еленко Миланов рече дека Пепиќ е сомничен во случајот „Титаник“, одземен му е пасошот и се јавува редовно во судот, па нема како да избега.
Додаде дека Пепиќ има поддршка од Агенцијата за разузнување каде што работи.
Како еден од низата обвинети за „“крвавиот четврток“ Пепиќ денеска прв даде исказ во Апелацискиот суд за жалбата по одлуката на ОЈО за продолжување на затворскиот притвор. Тој побара затворскиот да му биде заменет со домашен притвор.
Претставникот на Вишото јавно обвинителство рече дека Апелација треба да ја одбие жалбата и да го потврди затворскиот притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст