Покрај законот за јазици со кој Македонија станува двојазична земја, Собранието на Република Македонија денеска во рамки на неколку пленарни седници донесе повеќе законски решенија.
За овие закони, расправата заврши во вторникот, но поради немање кворум гласањето беше закажано за денес.
Во рамки на 11. седница беа донесени измените на Законот за култура, на Законот за регистрирање на готовински плаќања и измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.
Предлог-измените на Законот за заштита од пуштењето кои се на дневен ред на оваа седница, како што најави претседателот на Собранието, ќе бидат разгледани откако ќе поминат на собраниската Законодавно-правна комисија.
Во рамки на 13. седница беше донесен Законот за трговија на зелените пазари, а во рамки на 27. седница беа прифатени измените на Законот за задолжително капитално финансиско пензиско осигурување во прво читање.
Собранието во рамки на 15. седница го прифати во прво читање и Предлог-законот за претстанување на важењето на Законот за национален уметник на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст