| четврток, 6 декември 2018 |

Мравјалникот никогаш не греши: Метеоролог никогаш не ја погрешил прогнозата, еве какво ќе биде времето до пролетта

Метеорологот Мухамед Адемовиќ од Тутин на несекојдневен начин ги одредува температурите – и во тоа ретко кога згрешил. Тој се служи со мерна шипка која ја забива во колонија мравки, а “методот на мравјалник” е еден од најпознатите пристапи за собирање параметри во таканаречената Народна метеорологоија.

– Обично работам на десет примероци, а користам мерна шипка која ја забивам во колонија мравки. Во нормални услови нивните ларви се наоѓаат на првите 20 сантиметри длабочина, додека минатата година ларвите беа на длабочина од преку еден метар – наведува Мухамед.

– Не сум ниту јас наивен, доаѓа до благи отстапувања, но сепак климата е карактеристична и причилно склона на екстреми. Од тука може многу да се каже за цела Србија, но и поширокиот дел од Балканот. Овде има места кои се проодни, но истовремено се работи за недопрена природа, што е најдобар полигон за читање на знаците на билниот и животинскиот свет – вели Адемовиќ.

Адемовиќ не смета дека внесува иновација во метеорологијата, туку само дека го користи чувството и љубовта кон природата да ги надополни празнините кои класичната метеорологија не ги покрива.

– Првиот снег го имавме на почетокот на октомври, скрши неколку дрва на кои уште имаше лисја, така да може да го протолкуваме ова како природна селекција, а кога рано ќе почнат врнежите тоа значи дека ќе ги има често, но рамномерно распоредени. Значи во екстремните серии оваа година ќе одмориме – заклучува народниот метеоролог Мухамед Адемовиќ од Тутин.

Очекува дека оваа зима ќе биде блага, со умерени врнежи.

Со “методот на мравјалник” во потполност се согласува и климатологот Крајиновиќ.

– Го поздравувам овој пристап, може да даде многу информации за некоја локација, но во исто време е неисправен доколку не се користат модерни, современи, научни рамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top