На 26 јануари почнува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села,кој беше нападнат на 27 април во Собранието на Република Македонија. Случајот ќе го води судијката Славица Андреевска.
На обвинителна клупа ќе седнат обвинетите: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко, кои веќе три месеци се во притвор.
Во мај 2017 за нападот на Села први беа уапсени Кире Ѓоргиевски и неговиот татко, за кои Обвинителството тврди дека во салата 3, каде што се одржувала прес-конференција, двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села.
Пратеникот беше тешко повреден и заврши во болница во критична состојба. Дел од тогашните осомничени МВР ги бараше преку јавно објавени фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст