Со почетокот на новата година, престана да важи контроверзниот закон од крајот на Втората светска војна според кој навредата на странски лидер претставува кривично дело.
Во тоа време донесувањето на законот е направено како дел од обидот на Германија да стекне што може повеќе доверба кај меѓународната заедница по Втората светска војна.
Законот речиси ќе останеше непроменет и заборавен доколку не беше Ердоган да се повика на него во 2016 откако Јан Бомерман го исмеа во поема. Во Германија тој закон беше малку подзаборавен од проста причина што многу ретко се користел од војната наваму.
Германскиот комичар во своето телевизиско шоу прочита поема во која го критикува турскиот претседател, притоа нарекувајќи го „глуп, кукавица и стегнат“. По ова, тој ја дополни својата точка правејќи шеги дека Ердоган гледал порно со деца и учествувал во секс со животни.
Случајот против Бомерман беше повлечен истата година, а во февруари 2017 судот во Хамбург реши дека тој повеќе не смее на телевизија да ја повтори навредливата поема за Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст