Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) вечерва одржува седница на која главна тема се претстојните избори за органите на локалната власти во Белград, но според партиски извори, не е исклучена можноста да стане збор и за распишување на предвремени парламентарни избори.
Како што јави Танјуг, на седницата, која е затворена за јавноста, присуствува и партискиот лидер и српски претседател Александар Вучиќ.
Пред почетокот на седницата, членот на Претседателството на СНС и директор на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека очекува исцрпна дискусија, а околу можноста за одржување предвремени парламентарни избори, тој нагласи дека за тоа прашање ќе решава ова партиско тело.
Српската министерска за градежноштво, транспорт и инфрастуктура Зорана Михајловиќ истакна дека таа лично е за одржување на предвремени парламентарни избори, но оти смета дека на денешната седница главна тема ќе бидат изборите во Белград.
Потпретседателката на СНС, Марија Обрадовиќ пред седницата само кусо одговри дека доколку биде покренато прашањето за предвремени избори за членови на Собранието на Србија, таа ќе се изјасни за нивно одржување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст