| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Софија, евакуиран аеродромот поради дојава за бомба

Аеродромот во Софија е евакуиран поради истрага која се спроведува, откако била добиена дојава за поставена бомба, јавуваат светските медиуми.

Евакуацијата ја наредил министерот за внатрешни работи по повикот кој пристигнал во 13 часот и 20 минути по локално време, пренесе бугарската новинска агенција „Бгнес“.

На лице место веднаш пристигнале повеќе полициски единици, а на возилата не им е дозволен пристап до аеродромот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top