ВМРО-ДПМНЕ најверојатно утре ќе го избере новиот Извршен комитет на партијата. Според неофицијалните информации, во текот на утрешниот ден партијата ќе го свикa Централниот комитет кој треба да одлучи кој ќе членува во извршното тело на партијата.
Според неофицијалните информации во новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да влезат многу нови лица, а дел од постарите кадри да се повлечат.
Измените во партиското раководство доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира работата на Собранието поради апсењето на триесетина лица за настаните од 27 април. Не треба да биде изненадување доколку дел од луѓето кои со години беа во раководните структури на партијата да не добијат место во новиот Извршен комитет кој ВМРО-ДПМНЕ го дополнуваше пред последните избори.
Покрај кадровските измени, ВМРО-ДПМНЕ најавува и статутарни промени кои треба да го направат партискиот Статут во согласност со оние на партиите од ЕПП, каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Мицкоски вчера рече дека планира да ја модернизира партијата и да ја зголеми нејзината функционалност.
Партиски извори најавуваат дека ќе се менува и структурата на партиското раководство. Според нив, партијата ќе назначи повеќе потпретседатели, нешто што не беше случај во мандатот на претходниот лидер Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст