Во кумановскиот суд денеска, повторно беше одложено судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека го прегази четиригодишниот Алмир, кој по здобиените повреди почина.
Рочиштето на кое требаше да бидат презентирани завршните зборови е одложено поради работно отсуство на двајца обвинети за насилство во истиот случај, чичкото и уште еден роднина на Алмир. Адвокатот на обвинетите Сами Демири и Абдула Алиу информираше дека тие не можат да присуствуваат на ова рочиште поради дефект на камион со кој работеле и кој се наоѓа на турско-грчката граница. Адвокатот на обвинетите за наслиство, Асмир Алиспаиќ достави патен налог до судијата која го одложи рочиштето за 23-ти овој месец.
Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни предминатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот, се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“.
За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст