| четврток, 6 декември 2018 |

Османи за грчка ТВ „Антена“: Му се гледа крајот на спорот со името

Постои взаемно прифатливо решение, мислам дека сме стигнати до крајот на проблемот, вели македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи во интервјуто за грчката ТВ Антена.

Кусо по вчерашните средби со неговите домаќини, Никос Коѕијас и Јоргос Катругалос, јавува дописникот на МИА од Атина, Османи, говорејќи за телевизијата објаснува дека проблемот со името освен што ја блокира евро-атлантската перспектива на Македонија, претставува пречка и за билатерална соработка.

– Мислам дека му доаѓа крајот на овој спор. Нам ни одзеде 25 години можност за соработка, за размена и развој. Сега е време да го затвориме, без штети и земајќи ја предвид чувствителноста на двете страни за прашањето. Постои решение што е взаемно прифатливо, а без да се нападнат најчувствителните вредности што двете страни ги имаат во ова прашање, вели Османи за грачката телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top