| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 400.000 лица во Европа годишно умираат поради загадување на воздухот

Поради загадениот воздух секоја година во Европа прерано умираат 400.000 лица. Ова го изјави за Бугарската национална телевизија, комесарот на Европската Унија за животна средина, поморство и рибарство, Кармен Вела.
Во врска со тоа дали загадувањето на воздухот е најголемиот еколошки проблем за Бугарија и за целата ЕУ, Вела рече дека загадувањето на воздухот е глобален проблем не само за Европа, туку и за целиот свет.
– Секоја година во Европа предвремено умираат 400 илјади лица поради лошиот квалитет на воздухот. Овде не ги вклучувам хроничните заболувања што ги развиваат нашите граѓани. Сите земји-членки треба да сторат повеќе, Бугарија не е исклучок – рече Вела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top