Ако сакате благо, тешко е да им одолеете на слатките во доцните вечерни часови, но научниците имаат решение за тоа – одете во кревет порано.
Истражување покажа дека 20 минути дополнителен сон ја намалува потребата за слатки.
Научници од колеџот Кинг во Лондон, утврдиле дека луѓето кои поминуваат повеќе време во кревет, но не предолго, успеваат да се хранат поздраво.
Тестирале група на луѓе кои спиеле помалку од седум часа навечер.
Им било кажано да си легнуваат 21 минута порано, што резултирало со намалување на внесувањето на нездрави шеќери и други видови на храна за 10 грама, што е третина од вкупната количина која се препорачува на дневна база.
Групата го намалила и внесувањето на јаглен хидрати.
Се верува дека недостатокот на сон делува на мозочните клетки, на тој начин што тие повеќе реагираат на нездрава храна.
Ова е и една од причините зошто луѓето кои не спијат доволно имаат проблеми со вишокот на килограми.
Поранешни истражувања покажале дека недостатокот на сон дејствува на луѓето, на тој начин, да изедат дури 385 дополнителни калории дневно.
Во истражувањето учествувале две групи во кои имало по 20 лица.
Едната група спиела меѓу пет и седум часа, а другата спиела дополнителни 21 минути.
После еден месец втората група ја намалила консумацијата на шеќер за 9,6 грама дневно.
Со текот на време го продолжиле и времето на спиење за 55 минути.
„Еден час подолго во кревет може да доведе до поздрава исхрана“, порачуваат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст