| четврток, 6 декември 2018 |

Меган и Хари на прво појавување во 2018 (видео/фото)

По прославувањето на Новата година, принцот Хари и неговата вереница, Меган Маркл, го направија првото јавно официјално појавување во 2018.

Во вторникот, тие го посетија радиото Reprezent во Брикстон, Лондон, а беа многу опуштени и пријателски настроени.

Тие се поздравуваа со луѓето кои стоеја надвор, пред да влезат во радио станицата и да се запознаат со членовите на тимот.

Ова е единственото радио во Велика Британија, водено од млади луѓе.

Радио станицата ги охрабрува младите таленти, создавајќи социјално влијание врз локалното општество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top