| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети го доби Богоевски: Разузнавачот ги клеветел челниците на ДУИ дека земале мито за „Маѓар телеком“

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски го клеветел врвот на ДУИ за примање мито со случајот Маѓар Телеком, одлучи граѓанскиот суд во Скопје, објави Телевизија 24.

Основниот суд Скопје 2 им ги уважи тужбите на Али Ахемети и Муса Џафери, но Богоевски нема да им плати материјална штета од 90.000 евра, како што првично побараа.

„Не го тужевме за парите, туку да излезе вистината на виделина“, велат од ДУИ за ТВ 24.

Адвокатот на Богоевски најави жалба пред Апелацискиот суд.  Во рамки на постапката која се водеше во САД против поранешни функционери на „Маѓар Телеком“, Богоевски сведочел дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од компанијата од по 2,5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top