Некои го величат како суперхрана, некои го избегнуваат бидејќи е полно со заситени масти, а најчесто се користи како производ за убавина. Светот не може да се одлучи дали го сака или го мрази кокосовото масло. Сепак, научниците велат дека тоа нуди многу бенефити.
Кокосовото масло содржи повеќе заситени масти од путерот и животинската маст, па затоа научниците и докторите веќе многу долго време се убедуваат дали маслото е повеќе штетно отколку корисно.
Во новото истражување направено на Универзитетот Кембриџ научниците тврдат дека кокосовото масло може да го намали ризикот од срцеви заболувања и срцев удар ако се конзумира секој ден во период од само четири недели.
Научниците го извршија тестирањето на три групи на луѓе, од кои на една ѝ беше дадена 50 грама кокосово масло, на друга 50 грама маслиново масло и на третата несолен путер секој ден, цели четири недели.
Најголеми, дури изненадувачки резултати покажала групата која добивала кокосово масло. Луѓето од групата која добивала кокосово масло покажале значајни подобрувања кога е во прашање холестеролот. Нивните LDL (лош холестерол) нивоа се намалиле, додека HDL (добар холестерол) нивоата се зголемиле.
Сепак, и покрај охрабрувачките резултати, научниците велат дека ова се само краткорочни испитувања кои не мора да значи дека треба да имаат некакво поголемо значење. Тие предупредуваат дека треба да се извршат уште многу испитувања за да се одреди вистинскиот бенефит од кокосовото масло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст