| четврток, 6 декември 2018 |

В.д. претседателот на Беса добивал смртни закани по изборот

Пратеникот од редовите на партијата БЕСА Неџбедин Каремани на прес-конференција рече дека има закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. Тој вели дека случајот го пријавил во полиција, истовремено го информирал и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ОБСЕ, како и амбасадите.

-Мојата должност како пратеник јас ја прифатив, а сите знаат како БЕСА ги доби гласовите во Тетово. Ќе се одржи конгрес и се ќе биде во ред. Денеска ги поздравувам моите гласачи и Движењето БЕСА, а тие што упатуваат закани кон мене, да знаат дека не им се плашам, рече Каремани, кого скопскиот огранок го избра за в.д претседател на Движењето Беса се до одржувањето на конгресот на партијата.

Каремани рече дека од него бараат да се повлече од функцијата пратеник, а не одговори дали ги познава лицата кои му се закануваат. Како што додава, засега БЕСА ќе делува како до овој момент.

Тој вчера преку соопштение до јавноста обвини дека екстремисти и сменетиот лидер Биљал Касами ја загрозуваат партијата, откако Касами со неколкумина приврзаници го зазел седиштето  на партијата во Трговскиот центар Мавровка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top