Непознат сторител вчера околу 17:50 часот од пред продавница на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје одзел патничко моторно возило марка „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки.
Како што информира МВР, сторителот го искористил невниманието на сопственикот Т.И. (43) кој излегол од возилото и го оставил да работи. Влегол во возилото и со голема брзина заминал од местото на настанот.
На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 750.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на настанот.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)