| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство во Германија ја надмина прогнозата за раст

Индустриското производство во Германија порасна за 3,4% во ноември 2017-та година во однос на октомври, надминувајќи ги прогнозите за раст од 1,8%, објави „Trading Economics“. Ова е најголемото зголемување на индустриското производство од септември 2009-та година.

На годишна основа, порастот изнесуваше 5,6%. Капиталните производи пораснаа за 5,7%, производите за широка потрошувачка за 3,6%, и интермедијарните производи за 3%. Покрај тоа, градежната активност се зголеми за 1,5%.

Во моментов, најголемата економија во Европа се соочува со вистински бум во однос на позадина на најдобрите макроекономски податоци низ еврозоната во текот на изминатите дваесет години, благодарение на зголемувањето на глобалната побарувачка, сублимира „Ројтерс“.

Германскиот трговски суфицит се зголеми на 23,7 милијарди евра во ноември. За споредба, една година претходно беше 22 милијарди евра. Иако извозот порасна за 8,2% годишно на 116,5 милијарди евра, увозот се зголеми за 8,3% на 92,8 милијарди евра.

Во ноември извозот во ЕУ порасна за 8% на 67,9 милијарди евра, додека продажбата надвор од Унијата порасна за 8,4% на 48,5 милијарди евра.

Во исто време, инфлацијата во регионот останува на ниско ниво и според целта на Европската централна банка (ЕЦБ) од 2%, делумно поради бавниот раст на платите. Токму со оваа тема Германија ќе биде во центарот на вниманието во текот на неделата, бидејќи синдикатот „IG Metall“ ќе се сретне со работодавците за преговори за зголемување на платите со 6% и поголема флексибилност на работното време за 3,9 милиони металурзи и инженери во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top